​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво

Изјави 4 декември 2018 15:00

Животот во Република Македонија секојдневно се зацрнува контролирано со Мрежата од Црни тефтери на СДСМ. СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво строго според црните тефтери од локалните партиски клубови. Со Проектот за партизација од хигиеничар до министер, а според правилото членската на СДСМ да биде замена за сите …

Животот во Република Македонија секојдневно се зацрнува контролирано со Мрежата од Црни тефтери на СДСМ. СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво строго според црните тефтери од локалните партиски клубови. Со Проектот за партизација од хигиеничар до министер, а според правилото членската на СДСМ да биде замена за сите лични документи, како што и самите посочуваа пред изборите,  достапност до работно место во администрацијата нема за млади и успешни, нема за дипломирани високообразувани, во администрацијата нема место за потенцијални нови и современи идеи, туку само и само за партиски послушници кои новото работно место го заслужиле исполнувајќи партиски агенди. Нема одговор ниту од СДСМ ниту од надлежните за проектот за партиско зацрнување на администрацијата МРЕЖА, спроведуван низ општинските институции, училишта и градинки, но и Јавните претпријатија како Комунална Хигиена и Македонски шуми.

Денеска ќе објавиме дел од оние за кои Животот од Тефтери пристигна во Куманово.

1. Некогаш главната стечајка и демонстрант, Лилјана Георгиевска, говорник и лик од спотовите на СДСМ, од неодамна, 05.10 оваа година, е вработена во Агенцијата за вработување на Република Македонија. Нејзината ќерка, веројатно заради активностите на мајката- стечајка, е вдомена во детска градинка во Куманово.

2. Првиот човек од доверба на Оливер Спасовски, секретарот на кумановската партиска организација, Оливер Илиевски, од 28.12.2017 е раководител во Водостопанство, додека неговата сопруга од 08.10.2018 е вработена во МВР во Стопански криминал. Вработување во општата болница во Куманово неодамна е најдено и за нејзината сестра.

3.  И десната рака на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, Даниел Стојчевски на 06.06.2018 се вработил како директор на ЈП Чистота и зеленило, чија сопруга годинава на 01.05.2018 е вработена во градска библиотека во Куманово.

4.  Претседателот на кумановската младинска СДСМ Мартин Захариев, од 26.11.2018  е вработен во Центарот за социјални работи; додека неговата мајка Снежана, поранешен социјалдемократски лидер во градот, сега е директор во кумановската болница.

Ова се имињата од општинските тефтер на црниот проект Мрежа за партизација на администрацијата, администрација што, како вели Владата, ќе биде виновна ако не се добие препорака за преговори за членство во ЕУ. Барем да ги знаеме виновниците.

Од опскурната централа на СДСМ и натаму молчат за проектот Мрежа, а бледо истакнуваат дека партизацијата била „вмровска измислица“, односно вработувањата се одвивале, како што милуваат да кажат „транспарентно, според законите“.

Во насока на транспарентноста, за да докажат дека не е празна флоскула, Костадин Костадинов како пратеник и партиски функционер на СДСМ, треба да инсистира и самиот да објави колкумина и со какви квалификации биле пријавени на конкурсот на кој што е вработена неговата мајка во администрацијата во Струмица, а истовремено нека побара истото да биде објавено и за сестрата на сопартиецот Александар Кирацовски, вработена во администрацијата во Битола. Но, транспарентноста нека не застане тука туку да побара јавно да бидат извадени резултатите на конкурсите за сите 24 нови вработувања во М-НАВ.

Со ваква црна опскурна партизација, со ваква црна политизација на секој сегмент од општеството, оваа власт за една намена ја втурна Република Македонија во најмрачниот период од осамостојувањето. Нема економија, нема инвестиции има само полнење на администрацијата со партиски кадри. Затоа приклучете се на протестите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оваа среда и секоја следна среда во 17 часот, на протестите за што побрзо да ставиме крај на оваа мрачна агонија.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.