​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

СДСМ донесе црнила за граѓаните, Заев ја погази македонската економија, со намера да го држат општеството во заложништво

Изјави 17 декември 2018 14:42

Октроираната власт за неполни две години ја зави Република Македонија во Црнила. Оваа власт  за една намена не е свесна дека Македонија е вечна, а власта не е! Ја вратија Република Македонија во едноумие,  со закани, со повикувања на информативни разговори, со притисоци, со бркања од работа. Зоране Заев, замислен монарху, излези на ТВ дуел …

Октроираната власт за неполни две години ја зави Република Македонија во Црнила. Оваа власт  за една намена не е свесна дека Македонија е вечна, а власта не е! Ја вратија Република Македонија во едноумие,  со закани, со повикувања на информативни разговори, со притисоци, со бркања од работа. Зоране Заев, замислен монарху, излези на ТВ дуел со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, соочи се со опозицијата, соочи се со критиката, со вистината за штетните политики кои што ги спроведуваш, со девастацијата во која ја туркаш Република Македонија.

Пoчитувани,

Нема гранка, нема сектор, нема дејност во македонското општество која не се чувствува излажано и втурнато во темница. Криминогената власт на аболираниот Зоран Заев севкупно ја погази македонската економија, со намера да го држат општеството во заложништво. Едно Евро Заев знае дека економски силна држава е достоинствена држава и нема да биде подложна на сите обмислени неправди, омаловажувања и национални понижувања што ги предизвикува оваа хунта на власт предводена од аболиран политичар врз македонското општество и држава.

Пет процентниот раст на економијата е најголемата црна лага- нема инвестиции, нема нови работни места, нема реализација на капитални проекти, економијата не мрда. Земјоделството го уништија, останаа плодовите без пласман, а земјоделците без пари. Ја покачија акцизата за три денари, го поскапеа горивото, лебот поскапува, а во својата забеганост ќе речат дека поскапел само најевтиниот леб, и дека немаат намера да реагираат! Ете таков е односот на оваа однародена власт.

Ги креваат само даноците кои дополнително ќе го осиромашат народот и дополнително ќе ја втурнат државата во темнина и економско заложништво! Помпезниот буџет за следната година нема да се полни со реализација на економија врз реализација на проекти, визија и структурни реформи. Напротив хунтата ќе го полни со земање на пари од граѓаните, со осиромашување на земјоделците, оние кои издаваат недвижнини, оние кои играат игри на среќа, договорци на дело, со зголемување на персоналниот данок. Удираат директно врз граѓаните, врз работниците, врз економски ранливите категории.

Однародената криминогена хунта за секоја критика реагира со жестока санкција, на секое укажување следува казна. Тоа не е европска вредност, тоа е едноумие. Во тоа едноумие, од работа истераа висок член на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ  затоа што вон работно време им ја критикувал штетната политика во земјоделството.

Ништо нема да го сопре и замолкне ВМРО-ДПМНЕ да зборува за неправдите кои се случуваат за вековното и уставно име, името на нацијата, на јазикот. И тоа не е антизападна вредност. Антизападно е едноумието кое се спроведува, насилието врз критичката мисла, теророт врз референдумското изјаснување, економското опустошување на една државата и народот.

Оттука и барањата кои ќе ги повториме и ќе ги повторуваме до исполнување.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира, од власта веднаш да си замине Оливер Спасовски- заради нерасчистени убиства, криминал, корупција, Црниот Вотергејт!

ВМРО-ДПМНЕ инсистира на неотповиклива оставка на Никола Димитров- човекот се срами од сопствената според него искомплексирана нација и е недостоен да биде министер за надворешни работи.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира- веднаш безусловно да се повлече предлогот за зголемување на даноците и да престане економското опустошување на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се почитува волјата на граѓаните јасно искажана на 30-ти септември за време на референдумот.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира на формирање комисија која што ќе ги истражи сите разговори снимени од аферата црниот Вотергејт на Зоран Заев и Оливер Спасовски, со сниманите обвинители и судии во насока нарачаните обвиненија и судски одлуки. Затоа ги слушале 2 години.

И ВМРО-ДПМНЕ инсистира за вистинска грижа за здравјето на граѓаните веднаш, со продолжување на проектот за гасификација.

Почитувани, ќе светне денот кога зората ќе го победи темнилото, ќе ги победи црнилата. Застанете заедно со нас да ги поразиме црнилата на криминогената власт. Ќе ги поразиме на следните претседателски избори, а потоа следува и нивен пораз на предвремени избори.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.