

СДСМ ги уништува службите и ја загрозува безбедноста на државата. Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, охрабрен од неговиот шеф Пендаровски, второто лице на Зоран Заев спроведува политичка елиминација на целокупниот оперативен кадар на Агенцијата. Според сознанија со кои располагаме, на местото за негов помошник назначил лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач …
СДСМ ги уништува службите и ја загрозува безбедноста на државата.
Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, охрабрен од неговиот шеф Пендаровски, второто лице на Зоран Заев спроведува политичка елиминација на целокупниот оперативен кадар на Агенцијата.
Според сознанија со кои располагаме, на местото за негов помошник назначил лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач на НВО „Нексус“.
Еве едно прашање до Пендаровски, дали претседател на оваа НВО е токму сопругата на Муслиу и дали „Нексус“ се наоѓа на домашна адреса на Муслиу, а формирана е само пред две години? Оттогаш речиси непрестано води проектни активности со градоначалници на СДСМ, работи на промоција на Пендаровски и учествува во работата на Комисијата за борба против тероризмот.
Оваа НВО, согласно јавно достапните податоци, во изминатиот период учествуваше во трки за проекти за превенција од радикализација и дерадикализација на терористи и верски радикали. Проектните активности на оваа НВО ги спроведуваше токму лицето Васко Шутаров, тогашен советник за тероризам, кој е сега унапреден на највисоко хиерархиско ниво како благодарност од Муслиу.
Ова е класичен судир на интереси, проектни активности за борба против тероризам финансирани преку НВО и работно место советник за тероризам е сродна, споива и директно поврзана дејност. Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го провери овој случај и јавно го прашуваме Стево Пендаровски: