​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Саздов: Спасовски и должи одговори на јавноста, МВР е ресор кој треба да им нуди безбедност на граѓаните, а не крвави сценарија

Изјави 3 март 2016 16:23

Едмонд Адеми кој е член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ лани напиша: “-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува!”. Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски одлучи овој партиски функционер да го вработи во МВР и да го плати со пари од граѓаните на општа згрозеност и …

Едмонд Адеми кој е член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ лани напиша: “-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува!”. Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски одлучи овој партиски функционер да го вработи во МВР и да го плати со пари од граѓаните на општа згрозеност и шок во јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар на СДСМ, сега и технички министер во МВР мора да одговори дали го вработи Едмонд Адеми за да го спроведува крвавото сценарио поддржано и смислено од СДСМ? Оливер Спасовски исто така и должи одговор на јавноста дали и колкаво претходно работно искуство има Едмонд Адеми во овие структури? Дали платата на Едмонд Адеми е 60.000 денари и дали Едмонд Адеми поседува безбедносен сертификат за да биде поставен на така висока позиција во која би доаѓал во допир со класифицирани информации? Случајот со Едмонд Адеми е последниот во низата на груба партизација на Министерството за внатрешни работи, министерство во кое треба да се вработуваат професионални кадри со строги критериуми. Претходно Спасовски, на истиот начин, без конкурс и без ден работно искуство во полиција, вработи партиски послушници и функционери на СДСМ. Тој на пример ја ангажираше Магдалена Несторовска – Претседател на советничката група на општина Карпош. Тој го ангажираше и Горан Трајановски кој беше Претседател на комисијата за информатика при СДСМ. Владимир Пивоваров во МВР беше донесен од партиската комисија за безбедност при СДСМ, а потоа следеше и наградата за Лазе Велковски лично обезбедување на Радмила Шеќеринска кој што од Агенција за разузнавање беше префрлен во МВР. Оливер Спасовски сеуште и должи одговор на јавноста и за ангажирањето на неговиот портпарол Тони Ангеловски. Според сознанијата кои ги имаме Тони Ангеловски е вработен спротивно на законот и го нема потребното искуство од најмалку 7 години за да биде поставен на таа функција, началник. Јавноста исто така беше запознаена и со незаконската смена на началници во МВР, за да се постават други кои се блиски до СДСМ од страна на Оливер Спасовски. Јавноста виде дека Оливер Спасовски нема намера да ги почитува времените мерки кои што ги донесе Управнот суд. Јавноста го виде системот на кариера кој го спроведува Оливер Спасовски и кога незаконски го унапреди сопругот на неговата колешка Фросина Ременски. Јовче Ременски, на ден пред нова година од самостоен инспектор во ПС Гази Баба беше распореден на позиција генерален советник – инспектор во Кабинет на УБК, што е незаконски скок од 4 нивоа, и представува рушење на системот за кариера кој што беше воспоставен во МВР. На очиглед на јавноста СДСМ и Оливер Спасовски, преку груба и насилна партизација, со рушење на принципите и системот на ова министерство, се обидуваат МВР да го стават во своја лична и партиска функција за извршување на веќе свои однапред планирани сценарија, а Едмонд Адеми е последниот во низата кој заедно со другите кадри на СДСМ треба да го спроведе ова. Оливер Спасовски во најбрз можен рок да и одговори на јавноста на овие прашања, бидејќи се работи за ресор кој треба да им нуди безбедност, спокој и мир а граѓаните, а не крвави сценарија и работа за личен тесно-партиски интерес. Граѓаните на Република Македонија на 5 ти јуни ќе го осудат ваквиот хаос и беззаконие кое го промовира СДСМ!

 

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

07.06.2022

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

07.06.2022

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

06.06.2022

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

06.06.2022

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.