​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Ристовски: 74 дефектолози ќе бидат ангажирани во основното, 57 во средното образование

Изјави 12 април 2016 13:06

Од први септември, 131 дефектолог ќе биде ангажиран во основните и средните училишта низ цела Македонија со цел јакнење на стручните служби. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска на својот профил на социјална мрежа Фејсбук, објави дека со ова, се исполнува уште едно големо ветување дадено на граѓаните при неодамнешната посета на општина Кичево. Заменик …

Од први септември, 131 дефектолог ќе биде ангажиран во основните и средните училишта низ цела Македонија со цел јакнење на стручните служби. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска на својот профил на социјална мрежа Фејсбук, објави дека со ова, се исполнува уште едно големо ветување дадено на граѓаните при неодамнешната посета на општина Кичево. Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, истакна дека во голем број на средбите со граѓани едно од најкрупните барања на голем број родители било ангажирање на дефектолози во основните и средните училишта од аспект за асистенција на учениците на кои им е неопходно поддршка од страна на дефектолог. -Врз основа на тоа, Министерството за образование и наука во изминатите неколку недели направи директни контакти со сите училишта во Македонија врз основа на податоците, односно бројот на ученици на кои им е потребна асистенција од дефектолог во било која форма се направи соодветна анализа која укажа дека има потреба од ангажирање на 74 дефектолози во основно образование и 57 во средно образование, вкупно 131, истакна Ристовски. Во некои училишта има потреба од ангажирање на еден дефектолог, во некои од два, но има и такви каде ќе има потреба од тројца дефектолози. -Соодветно на потребите на основните и средните училишта, МОН ја изготви таа анализа и истата беше доставена до Владата и до Министерството за финансии, истата е одобрена и соодветно на тоа од 1 септември очекуваме ангажман на 131 дефектолог на територија на цела Македонија за да одговориме на потребите на учениците, на родителите и секако на самите училишта. Истовремено, ќе го следиме овој процес за во иднина и доколку се појави потреба од ангажирање на дополнителни дефектолози, МОН ќе излезе во пресрет на барањата на граѓаните, додаде Ристовски. Одлуката, донесена минатата недела на редовна владина седница, важи за сите училишта кои го известиле Министерството за образование и наука дека имаат потреба од ваков кадар, заради тоа што имаат одреден број ученици со извесни посебни образовни потреби на кои им е неопходна соодветна стручна помош и поддршка во насока на правилен развој и тек на образование.

Изборот на дефектолози ќе се реализира на транспарентен начин, односно по пат на јавни конкурси за вработување, кои ќе бидат етапно објавувани, а во нив ќе бидат назначени сите подетални информации за условите и критериумите за аплицирање и обезбедување на соодветниот работен ангажман.

МОН, како што информираше Ристовски, веќе започна со дистрибуција на согласностите до училиштата, а со оглед на тоа дека училиштата се децентрализирани, целокупната постапка за ангажирање ќе треба да ја реализира соодветната општина.

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

14.05.2022

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

14.05.2022

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

13.05.2022

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

13.05.2022

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.