Министерството за образование и наука објави оглас за стипендирање на наставници од основните и средните училишта кои ќе се запишат на магистерски или докторски студии на еден од најдобро рангираните 200 универзитети во светот кои се наоѓаат на листата на Шангајскиот Универзитет или листата на QS од Велика Британија. Огласот ќе трае до 1 септември 2016 година, а МОН во целост ќе ги покрие трошоците за студирање.
МОН во целост ќе ги покрие трошоците за студирање на наставниците кои вклучуваат надомест на уписнината во висина од најмногу 40.000 американски долари на годишно ниво, месечен паричен надоместок како и повратен авионски билет.
Оваа мерка е дел од владината програма за работа, а реализацијата ја најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
