Ристовски присуствуваше на час по природни науки и заедно со учениците спроведе експерименти по Кембриџ програма

Учениците од четврто одделение од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ преку практични примери на предметот природни науки, по Кембриџ програма, учеа како материјата при промена на температурата ја менува агрегатната состојба.За овој експеримент беа потребни неколку работи: решо, сад, чаша и секако материите со кои ќе се експериментира, а во случајот тоа беа чоколадо, маргарин и вода. И секако мотивација за практична едукација на учениците.Учениците позитивно ги изненадија сите присутни, жедни за знаење со огромно внимание ги следеа експериментите, а заменик министерот, како и градоначалникот и директорот помагаа при спроведување на истите.Ристовски е убеден дека долгорочниот ефект од оваа реформа Македонија ќе го доживее за 10-на години и истиот ќе исклучително позитивен.Учениците и нивната наставничка денеска покажаа дека на многу лесен начин може да се спои креативното со едукативното и како теоретската настава полесно се учи кога е покажана преку практични примери.