Решен статусот на преостанатиот дел од поранешните професионални војници

До Февруари идната година ќе биде решен статусот на околу 140 професионални војници кои по завршувањето на работниот ангажман во АРМ не беа вработени.Со тоа се заокружува процесот на реашавање на статусот на сите професионални војници.  Решението во форма на Предлог закон за измена на Законот за служба во Армијата на Република Македонија го поднеле пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со него се предлага да се овозможи вработување на сите професионални војници на кои им престанал работниот однос по основ на навршување на максимална старосна граница. Одредбите од Законот се многу прецизни, вели Димитриев и истите го регулираат начинот на нивното вработување со конкретни рокови. За овој предлог- закон, очекуваат поддршка и од опозицијата. Професионалниот војник  Марјанчо Гурбански, претседател на координативното тело на отпуштени професионалн војници, истакна дека со ова добиваат решавање на нивниот статус и посветла иднина.