

Фросина Ременски беше член на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓаше на состаноци, но немаше никаков капацитет за работа. Беше заљубена во Љубчо Георгиевски, но партијата ја дистанцираше поради тоа што не ја биваше.Поранешниот претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Црквена маала Крива Паланка потврдува дека потпретседателката на СДСМ и иден министер за труд и социјална политика била …
Фросина Ременски беше член на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓаше на состаноци, но немаше никаков капацитет за работа. Беше заљубена во Љубчо Георгиевски, но партијата ја дистанцираше поради тоа што не ја биваше.Поранешниот претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Црквена маала Крива Паланка потврдува дека потпретседателката на СДСМ и иден министер за труд и социјална политика била член на владејачката партија.Изјава за доброволно членство во ВМРО-ДПМНЕ потпишала новата министерка за труд и социјална политика Фросина Ванче Ташевска, сега Ременски на Божик, 07.01.1999 година. Со пополнување на пристапницата во месниот комитет Црквена маала во Крива Паланка тогаш 22 годишната Ременски станала член на ВМРО-ДПМНЕ. Нејзините тогашни сопартијци на ја паметат најдобро. Велат дека не им оставила посебен впечаток. Немала поголем потенцијал ниту капацитет за посериозни обврски. Сепак, паметат дека имала една особина која и помогнала, а тоа било менувањето на ставови и страни. Во СДСМ, пак, има негодувања меѓу челниците на партијата. Ременски има два реда биографија на партискиот сајт, а не е заведено ниту од кога е член на опозицијата. Тоа дополнително ја става под знак прашалник нејзината компетентност.