Реконципирана музејската поставка во Спомен-собата на Гоце Делчев

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети Националната установа Конзерваторски центар-Скопје, каде во завршна фаза е спомен-собата на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Канческа-Милевска посочи дека станува збор за значаен комплекс кој годишно има над 15 илјади посетители . Таа се осврна на годишната програма на Конзерваторскиот центар-Скопје, на проектот за обнова на фасади во стари градски јадри. Директорката на Конзерваторскиот центар-Скопје Ема Петрова информираше дека се набавени сите материјали кои се однесуваат на животот и делото на Гоце Делчев.