Градежните активности за комплетна реконструкција на тротоарите на улицата “Рилски конгрес”, во населбата Црниче започнаа денес. Градоначалникот на опшина Кисела Вода заедно со претседателот на Советот и повеќе советници присуствуваа на почетокот на градежните активности кои ќе се одвиваат на потег од улицата “Банско” до улицата “Пржино”. Таа изрази надеж дека жителите ќе имаат трпение и разбирање како фирмата изведувач би можела непречено да ги извршува градежните активности.