Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ денеска извршија увид на градежните работи на објектот на старото кино во Кисела Вода кој се реконструира и адаптира во нов мултифункционален објект Дом на култура. Градежните работи се при крај и се очекува овој мултифункционален објект да биде пуштен во употреба на 29 јуни на денот на општината Кисела Вода.Старото кино во Кисела Вода долги години беше руиниран и нефункционален објект, за наскоро да прерасне во објект кој ќе овозможи развој на културата.