​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Рекет, поткуп, лаги, криминал и манипулации

Изјави 19 јули 2019 12:44

Скандалот со рекетарско – политичко – судско – медиумскиот октопод секој ден добива нови и нови димензии. Затоа влегуваат од лага во лага и со тоа уште повеќе се заплеткуваат. Прво, како е возможно специјалната обвинителка Катица Јанева да се разболи во истиот ден кога излезе овој скандал па со два дена задоцнување да разбереме …

Скандалот со рекетарско – политичко – судско – медиумскиот октопод
секој ден добива нови и нови димензии. Затоа влегуваат од лага во лага и со тоа
уште повеќе се заплеткуваат.
Прво, како е возможно специјалната обвинителка Катица Јанева да се
разболи во истиот ден кога излезе овој скандал па со два дена задоцнување да
разбереме дека отворила боледување?
Која здравствена установа и го издала ова боледување и дали Комисија
од Фондот за здравство ја проверила веродостојноста на боледувањето.
Со оглед на тоа што Катица Јанева четири дена бега од соочување со
јавноста да даде одговори за сомнежите кои се врзуваат за неа, објективно е да
се сомнева дека таа веќе ја напуштила државата злоупотребувајќи го
оправдувањето со боледување.
Тоа само потврдува како површно и тенденциозно се води постапката и
истрагата за откривање на овој огромен скандал. Целокупната јавност се
сомнева дека не е возможно лицата кои се осомничени за овој рекет тоа да го
правеле без поддршка на структури на СЈО, па и самата Јанева, а уште помалку
без знаење на власта, па и лично од самиот премиер Зоран Заев.
Ако веќе постојат индиции дека Катица Јанева е вмешана во овој
криминален октопод кој изнудувал, рекетирал и се заканувал на осомничени во
постапка на СЈО, истрагата не смеела да се сведе само на одземање на еден од
двата телефони на Јанева. Пазете само еден од двата телефони на Катица
Јанева ќе биде предмет на истрагата.
Дополнително ако се знае блискоста на Јанева со осомничениот Боки 13 и
фактот што нејзиниот син е вработен во медиумот кој се поврзува со Боки 13,
тогаш логично се поставува прашањето дали е викнат на распит Лазар Јанев и
дали истото лице е дел од истрагата за рекет?
Јавноста треба да знае дали во текот на истрагата во запленетите
компјутери кај осомничените се пронајдени материјали и дали тие материјали се
идентични или дел од материјалите кои се во посед на СЈО?
Исто така надлежните треба да одговорат дали во прибавените докази
има материјали кои се обезбедени од МВР од лице кое е вработено на висока
позиција таму, кое патем е блиско на лицето Фрики од рекетарските приказни
кои се вртеа во јавноста во изминатиот период?

И на крајот, дали од истрагата на надлежните се утврдило дали
осомничениот Боки 13 контактирал телефонски или остварувал средби со Зоран
Заев во Владата во изминатиот период за кој се товари дека вршел изнуда или
рекет. Постојат индиции дека лицето Боки 13 добивал насоки кои лица да ги
уценува и кои методи да ги користи од високи функционери на власта и СЈО со
цел нелегално прибавување на милионски износи.
Ова е премногу сериозен скандал. Ова е октопод во кој приведените се
само пипците, а главата се многу помоќни политички и правосудни структури.
Во интерес на правдата неопходна е детална и длабока истрага, а не само
декларативна борба со криминалот. Овој случај е вистинската вистина за
Македонија, кој јасно ќе ги разобличи причините и последиците на еден процес
кој се одвиваше изминатиот период.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.