​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Рангелова: Катица Јанева по втор пат е фатена како дава лажен исказ

Изјави 3 март 2016 16:24

Катица Јанева по втор пат е фатена како дава лажен исказ. Нешто што е недозволиво и непоимливо за некој што треба да биде на страна на правдата и професионално и чесно да ја извршува својата функција, истакна Даниела Рангелова, пратеник во Собранието на РМ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Катица Јанева е дебело …

Катица Јанева по втор пат е фатена како дава лажен исказ. Нешто што е недозволиво и непоимливо за некој што треба да биде на страна на правдата и професионално и чесно да ја извршува својата функција, истакна Даниела Рангелова, пратеник во Собранието на РМ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Катица Јанева е дебело платена со неколку илјади евра месечно, пари на граѓаните, за работата која треба да ја врши согласно законот. Затоа Катица Јанева има обврска и кон медиумите и кон граѓаните транспарентно и отчетно да одговара на сите прашања кои се предмет на интерес на јавноста. Последното прашање коe се отвори во низата околу Катица Jанева е дали таа дала лажен исказ заверен кај нотар под морална и кривична одговорност дека поседува насад со смокви постар од 3 години. Насад кој не постоел согласно законските потреби, а излажала дека постои само за да го земе земјиштето. Oва е скандал сам по себе, и освен што има простор за кривична одговорност, покажува и сериозен дефицит на морален кредибилитет на личност која треба да спроведува правда. Според пишувањата на медиумите, овој исказ Катица Јанева го дала уште во септември минатата година во обид да добие под закуп 3 парцели државно земјиште. Преку овој исказ Катица Јанева се обидела да ја искористи социјалната мерка со која преку јавен оглас им се доделува земјоделско земјиште на лица чија основна дејност им е земјоделието и од кое обезбедуваат егзистенција за своите семејства. Г-ѓа Катица Јанева на јавноста и должи одговор дали е точно дека поседува насад на смокви на целата површина за која тврди во дадениот исказ заверен на нотар, а објавен во медиумите? Дали овој насад со смокви за кој под целосна кривична и морална одговорност тврдите дека е ваш, го имате соодветно пријавено во анкетниот лист кој имате обврска да го доставите до Државната комисија за спречување на корупција? Како ги коментирате, г-ѓо Јанева, наодите на бирото за вештачење дека исказот кој сте го дале пред нотар е невистинит, односно дека немате соодветни насади на 70% од површината, иако сте тврделе поинаку под морална и кривична одговорност? Оваа поволност која ја нуди Владата во јавниот оглас е наменета пред се за регистрирани земјоделци, па легитимен е интересот на земјоделците дали Вие сте регистрирани или постоел обид земјиштето да биде земено од страна на некој кој и нема интерес да го обработува за сметка на вистинските земјоделци? Функционер кој треба чесно и професионално да ги извршува законските овластувања, не смее да остави црни дамки зад себе. Јавноста од вас сеуште очекува да го чуе одговорот и околу барањето за добивање на државен стан. Во тоа барање имате наведено дека немате стан во Скопје, а медиумите објавија дека вие или членови од вашето најблиско семејство поседувате 2 стана во строгиот центар на Скопје и истите ги имате пријавено. Ваквите дилеми продолжуваат да лебдат. За што и е потребен и трет стан на Катица Јанева, платен од пари на државата? Што од сето ова досега објавено во јавноста е точно? Време е јавноста да слушне одговори. Граѓаните од своите пари ги плаѓаат вашите високи плати и имаат право да ја дознаат вистината. А според нашите информации има уште многу да се дознава за госпоѓата Јанева и нејзиниот имот и потекло.

 

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

07.06.2022

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

07.06.2022

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

06.06.2022

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

06.06.2022

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.