Работилница за поголема компатибилност на образовниот систем со пазарот на труд

Високообразовните институции, средните училишта, Агенцијата за вработување, Центарот за образование на возрасни, и ФЗОМ ќе се вкрстат во „Опсервација на вештини“, софтверска алатка преку која ќе се добиваат детални информации за побарувачката и понудата на пазарот на трудот.
Станува збор за проект на Министерството за образование и наука поддржан од Светска банка кој ќе започне да функционира од оваа година.
„Опсервација на вештини“ е базирана на позитивното искуство од неколку европски земји и преку неа ќе се креира приказ за корелацијата на работната сила која произлегува од средното и високото образование со потребите на пазарот на трудот.
Таа е од особено значајна за МОН и другите институции, затоа што ќе покаже што е она што треба да се промени во образовниот систем.