​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Пуштен во употреба новиот објект на Детската клиника во Козле

Македонија 13 декември 2015 18:55

Новиот објект на Детската болница- Козле кој е единствен од ваков тип кај нас и еден од најмодерните во регионот, денеска свечено беше пуштен во употреба. Има капацитет од вкупно 104 кревети и исто толкав капацитет за сместување на родител како придружба на детето. Старите бараки кои биле изградени во 1965 година како донација од …

Новиот објект на Детската болница- Козле кој е единствен од ваков тип кај нас и еден од најмодерните во регионот, денеска свечено беше пуштен во употреба. Има капацитет од вкупно 104 кревети и исто толкав капацитет за сместување на родител како придружба на детето. Старите бараки кои биле изградени во 1965 година како донација од Норвешката и Шведската влада за земјотресот, денеска се заменети со современа болница вредна околу 7 милиони евра. Новиот објект се состои од две функционални целини – поликлиника и стационар. Поликлиниката ги опфаќа сите ординации, лаборатории, специфични кабинети, дежурната служба и останатите содржини. Во стационарот има над 50 соби со 210 кревети кои во најголем дел се двокреветни болнички соби, како и 14 апартмани. Објектот содржи и дневна болница со капацитет за згрижување на 30 до 40 деца, а тука ќе биде сместен и Центарот за цистична фиброза. Министерот за здравство посочи дека Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле е единствена од ваков вид во државата, каде се лекуваат деца од 0-18 годишна возраст, со заболувања на белите дробови. Болницата располага со комплетно едуциран кадар и околу 60 отсто од докторите се едуцирани најмалку по 3 месеци во врвни и реномирани болници во странство. Просечното време на завршување на дијагностиката по пациент се очекува да биде помалку од 2 часа што е на ранг на најразвиенте европски стандарди. Во новиот објект ќе функционираат вкупно 18 амбуланти, односно 2 општи и 16 специјалистички и супспецијалистички амбуланти. Ова значи дека капацитетот на амбулантите е зголемен повеќе од 3 пати.

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

14.05.2022

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

14.05.2022

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

13.05.2022

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

13.05.2022

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.