Повеќенаменско спортско игралиште на кое може да се игра фудбал, ракомет и кошарка наменето за граѓаните на населбата Лисиче денес официјално беше пуштено во употреба. Игралиштето е дел од проектот „100 повеќенаменски игралишта“ како инвестиција на Владата на Република Македонија.
Градоначалникот на општина Аеродром истакна дека општината до сега има изградено повеќе од 20 вакви повеќенаменски спортски игралишта.Вкупната површина на повеќенаменското игралиште заедно со обиколната патека изнесува 1.300 квадратни метри и содржи два гола за мал фудбал и ракомет, како и четири коша.Вредноста на инвестицијата за новото повеќенаменско спортско игралиште изнесува околу 7,5 милиони денари.