Пуштени во употреба нов плоштад и катна гаража во центарот на Скопје

Нов плоштад „Мајка Тереза“ и нова катна гаража „Кресненско востание“ беа пуштени во употреба денеска во центарот на Скопје. Со плоштадот партерно се уредува просторот околу новите градби на левиот кеј на Вардар од потегот кај МНР до Камениот мост, а со катната гаража, која е со површина од околу 20 илјади метри квадратни, се обезбедуваат нови 440 паркинг места во строгиот центар на градот. Катнатата гаража која се наоѓа во близина на МНР и МОБ, под плоштадот „Мајка Тереза“, инвестиција вредна околу девет милиони евра, треба да го реши проблемот со паркирање во центарот на градот.Скопје го разбудивме од длабокиот сон и дојдоа времиња во кои главниот град се издигна во едно ново и модерно руво и прерасна во функционален град, додаде Груевски. Трајановски посочи дека овој плоштад е 6-ти по ред плоштад во Скопје во кој за жал порано имаше само еден плоштад