Нова градинка „Кокиче“ во комплексот на основното училиште „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров, денеска беше пуштена во употреба. Истата ќе има капацитет да згрижи 120 дечиња.Со промена и комплетна адаптација на неискористен простор на основното училиште, се реши еден голем проблем, а 50 години старата градинка која збирала само 100-на деца ќе биде затворена.Градинката е трета по ред, која што е отворена заедно во соработка со општината и Владата.Најавениот проект за изградба на 140 градинки во кои ќе згрижат околу 18.000 деца целосно ќе го реши деценискиот проблем со кој се соочуваат и останатите општини и градови во Македонија.Во изминатите години Владата помогна во изградба на новата градинка „Пампурче“ во Новоселски пат, за проширување и пре адаптација на градинката „Росица“ во училиштето „Мирче Ацев“ која наскоро ќе биде пуштена во употреба.