Во Музејот на македонската борба денеска беа промовирани нови петнаесет монографии од едицијата „Македонски дејци“.Едицијата има непроценливо значење затоа што придонесува кон чувањето, конзервирањето и промоцијата на историските и културните вредности што се наследени од минатото.Со денешните дела до сега се промовирани 20 монографии, а преостануваат уште толку. Ова е една несекојдневна збирка на книги, монографии кои се однесуваат на личности од македонското револуционерно движење и првпат од ваков обем во македонската историографија.Проектот „Македонски дејци“ на Филозофскиот факултет од Скопје, е поддржан од Министерството за образование и наука и започна да се реализира во 2013 година по повод одбележувањето 120 години од основањето на Македонската револуционерна организација. Целта на проектот е да се расветли делото, придонесот и стремежот на македонски дејци за македонска држава.