Педесет нови наслови од капиталната едиција „Светско книжевно богатство“ на Министерството за култура беа промовирани вечерва со што бројот на дела се заокружува на 103 книги од предвидените 316 изданија. Нови наслови, се исклучително вредни изданија, пет дела се закитени со Букеровата награда, девет со Пулицеровата награда, 13 се книги на автори добитници на наградата Гонкур, пет на признанието Стрега, шест лауерати на руската Букерова награда, четири добитници на Сервантес наградата, седум на признанието Ханс Кристијан Андерсон. Промоторот на новите изданија, академик Митко Маџунков, истакна дека едицијата „Светско книжевно богатство“ исто како и „Ѕвездите на светската книжевност“ го претставуваат најдоброто во светската книжевност, ја запознаваат јавноста со книжевните стандарди во современата светска книжевност и истовремено се насочени кон афирмација на македонскиот книжевен јазик. На промоцијата на новите наслови од едицијата „Светско книжевно богатство присуствуваа министерот за финансии Кирил Миновски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и автори, преведеувачи, лектори, издавачи.