Промовирани 13 нови наслови од проектот преводи на 1000 книги и учебници

Тринаесет нови наслови беа промовирани денеска во рамки на проектот „Превод на стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“. Досега се преведени и издадени вкупно 990 книги од најрелеватните и реномирани светски автори. Наскоро следува промоција на десет нови книги и со тоа ќе се заокружи бројката од ветени и реализирани 1.000 книги. Но, во интерес на целокупната јаност, проектот е проширен и ќе продолжи да се реализира со превод на уште 200 дополнителни наслови. На денешната промоција на нови наслови од овој проект присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.