Нови наслови од областа на фармацијата, медицината и стоматалогијата, земјоделството и ветерината, туризмот, биотехничките науки, архитектура и градежништво, машинство и електротехника беа промовирани денес.Истите се од проектот на Владата за превод на илјада стручни книги од кои се учи на 10-те највисокорангирани универзитети во светот беа промовирани денеска, со што вкупно 957 книги од стручна литература досега се преведени и отпечатени. Книгите од проектот се достапни за користење во Читалната „1000 книги“ во Градскиот трговски центар, а во 2017 година читални за едициите од овој преокт, како и од проектите на Министерството за култура, ќе бидат отворени во Струмица, Велес и Аеродром.