Со 10 нови наслови денеска се заокружи 60-та јубилејна промоција од проектот Превод на стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномирани универзитети во светот. Насловите се од областа на економијата, фармацијата, природно математичката област, филозофијата и филологијата, педагогијата, информатичко комуникациските науки, како и од областа на спортот и физичката култура. Покрај читалната во Скопје, во која Ристовски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги промовираа новите наслови, ќе бидат отворени уште 6 дополнителни читални во Аеродром, Струмица, Велес, Струга, Прилеп и Гевгелија.