Промовирани се нови 150 наслови од проектот „400 Аудио книги“ наменети за лицата со оштетен вид. Денеска беше најавено снимање на нови 400 аудио книги. Со овие наслови и оние кои што претходно беа реализирани слепите лица ќе имаат на располагање вкупно 340 наслови на аудио книги на различна тематика достапни за нивната едукација и блискост со пишаниот збор. Претседателот на Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија Жарко Селковски изрази голема благодарност до Владата и до МТСП за остварените проекти кои, како што рече, се од големо значење за нивните членови и за подобрување и олеснување на секојдневниот живот. Инаку годинава Националниот сојуз на слепи лица на РМ слави 70 години од формирањето. По тој повод, во тек е една акција наречена „Мојата омилена книга“. Во рамки на оваа акција, граѓаните ќе може нивните омилени книги да ги прочитаат и да ги снимаат и на тој начин уште повеќе да се зголеми Фондот на аудио книги во Република Македонија.