Десет нови приватни домови за стари лица ќе се отворат со помош на неповратни грантови од по 750 илјади денари обезбедени од државата. Вкупниот капацитет на домовите треба да биде од 400 до 500 легла, а ќе се отворат и педесетина нови работни места. Огласот за аплицирање е отворен денеска.
За отворањето на десетте домови за стари лица обезбедени се 7,5 милиони денари.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски истакна дека заинтересираните кои сакаат да се занимаваат со оваа дејност ќе можат да аплицираат во центрите за вработување во земјава, а подетални информации да добијат и на веб страницата на АВРМ.
Поповски додаде дека доколку годинава има поголем интерес за отворање на приватни домови за стари лица , за 2017 година ќе бидат издвоени повеќе средства.