Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес заедно со партиска делегација во Будимпешта оствари средба со премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан.На средбата Груевски-Орбан биле потврдени одличните и пријателски односи, како и добрата билатерална соработка помеѓу двете држави. Станало збор и за предизвиците со кој се соочува Македонија поврзани со политичката криза како и плановите по одржувањето на престојните избори и искористување на капацитетите за соработка како на планот на политиката, така и во економската сфера. Груевски истакна дека Унгарија е пријателска држава и сојузник на Република Македонија, држава со која изградивме многу високо ниво на односи и заедничка доверба и соработка.
На средбата стана збор и за актуелните предизвици врзани со политичката криза во државата и нејзиното надминување при што клучен момент се престојните избори.Орбан ги потврди одличните односи меѓу двете земји и истакна дека Република Македонија може да смета на поддршката на Унгарија. Тој истакна дека развивањето на односите е резултат на заложбата за пријателство на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.Тој додаде дека Унгарија со сите можни средства ќе ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО и таквата поддршка ќе продолжи и по изборите на кој ќе одлучуваат македонските граѓани.Покрај одвоената средба со Орбан имаше и билатерална средба помеѓу партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ и владина делегација на унгарскиот премиер.