Пет лица се тешко повредени, а 21 полесно откако автобус со бугарски регистерки ознаки вчера вечерта излета од магистралниот пат А2 Куманово-Крива Паланка.Од полицијата информираат дека возачот Л.Љ.И.(47) од Бугарија управувајќи автобус „Сетра Ц312“ изгубил контрола над автобусот, излегол надвор од коловозот на десната страна и слетал на земјена површина, удрил во дрво и се превртел. Неофицијално, дел од патниците велат дека до несреќата дошло бидејќи возачот заспал.Во автобусот се превезувале вкупно 43 патници. На повредените им била укажана лекарска помош во медицинскиот центар во Крива Паланка, по што полесно повредените се пуштени, а патниците со тешки повреди се пренесени во болница во Софија.