​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска ќе се радува на вработувањето на својот син во ЕЛЕМ кому денес му е прв работен ден

Изјави 11 февруари 2019 15:16

Социјалдемократскиот сојуз аздиса во масовниот грабеж што го спроведува периодов. Очигледно малку им се пари од тендери, криминални иновации и патни трошоци, па решија да го цедат буџетот  со вработувања на мајки, синови, ќерки, внуци, сестри, фризерки и роднини до седмо колено. Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска позната во јавноста по рекордните патни трошоци во …

Социјалдемократскиот сојуз аздиса во масовниот грабеж што го спроведува периодов. Очигледно малку им се пари од тендери, криминални иновации и патни трошоци, па решија да го цедат буџетот  со вработувања на мајки, синови, ќерки, внуци, сестри, фризерки и роднини до седмо колено.

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска позната во јавноста по рекордните патни трошоци во износ од 12 илјади евра, според информациите до кои дојдовме и ги добивме ќе се радува и на вработувањето на својот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ кому денес му е прв работен ден.

Дали е точно дека Виктор Стојчевски своето вработување во ЕЛЕМ го заслужил со навредливите коментари упатени кон граѓаните кои ги нарекуваше „хибернирани кретени по улиците на Скопје“ или пак бил најдобар кандидат затоа што мајка му креваше рака за промена на името, покачувањето на акцизите или отворањето на измислени места за заменици директори во јавните претпријатија?

Зошто власта го сокри ова вработување? Јавноста треба да знае дали синот на Мира – или така позната како Мира- изел е вработен на јавен конкурс? Уште колку кандидати биле пријавени за ова работно место? Во што бил синот на Мира – дизел подобар од останатите кандидати?

Ова се прашања кои заслужуваат и мора да добијат одговор.

Илјадниците евра кои граѓаните годишно и ги даваат на Мира Стојчевска, сега ќе бидат дополнети со прилично солидна плата кој што ќе ја зема нејзиниот син. Тоа е за СДСМ и Зоран Заев борба против непотизмот и корупцијата во Република Македонија.

Токму заради ваквиот однос на Зоран Заев и СДСМ, над 400.000 граѓани живеат во тешка беда и сиромаштија, помасовно од кога било, а Македонија тоне на листите на Транспаренси Интернешнл.

Уште за колку вработувања на синови, ќерки, мајки и сестри ќе разбере јавноста во наредниот период. Само да потсетиме во сите овие случаи за непотизам се работи за огромни плати и хонорари кои се далеку повисоки од просечната плата која што ја земаат граѓаните.

Само за потсетување како владата го третира буџетот и јавното претпријатие ЕЛЕМ. Од досега познатите факти своите најблиски во ЕЛЕМ ги згрижија Мирослав Грчев, Асаф Адеми и Талат Џафери.

Време е СДСМ да си замине од власт и да запре овој општ грабеж кој што и се случува на граѓаните.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Случајот Талир е доказ дека СЈО,Кацарска и судството се извршители на наредбите на Заев и СДСМ

11.01.2019

СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво

04.12.2018

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од Штип бара припадниците во воениот конфликт од 2001 година да се ослободат од плаќање на комунална такса и данок на имот

29.11.2018

Eкономијата крахира, а власта наместо за капитални инвестиции парите ги расфрла за луксузирање

27.08.2018

Најнови видеа

2:56

Индија: Се урнаа два воени авиони за време на трениг

Свет 20.02.2019
8:19

Топ 40 вирални видеа од 2018 година

Магазин 19.02.2019
10:00

Срамни и смешни моменти во спортот

Спорт 19.02.2019
10:33

Луѓе со најчудни прехрамбени навики

Магазин 19.02.2019
7:00

Втора Светска Војна во Европа-ден за ден

Свет 19.02.2019
2:54

Kандидатот за претседател на СДС наместо највиското партиско тело, ќе го избираат Артан Груби со асистенција на Миле Зечевиќ

Изјави 19.02.2019
2:44

Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле

Изјави 19.02.2019
2:59

Спасовски и надлежните во најкус можен рок да излезат со комплетни детали за несреќата во која животот го загубија 15 наши сограѓани

Изјави 19.02.2019
06:47:00

КОНВЕНЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА Р.М

Македонија 16.02.2019
3:04

Пратеничка на СДСМ си го вработила синот во МВР

Изјави 13.02.2019
2:33

Заев и СДСМ кукавички избегаа од избори затоа што знаат дека жестоко ќе ги загубат, а народот ќе ги казни за сите штетни политики

Изјави 13.02.2019
5:50

Митраљез Викерс МК1 од 1914-та година – начин на работа

Магазин 13.02.2019
© Copyright 2019 Македонија24.мк | Сите права се задржани.