​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Собранието поднесе барање за оддржување на надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на министерството за култура

Изјави 12 февруари 2019 14:16

Во текот на вчерашниот ден, пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Собранието на Р. Македонија поднесе барање за оддржување на надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на министерството за култура за проекти од национален интерес за културата во Македонија и реализацијата на програмата за култура за 2018 година. СДСМ …

Во текот на вчерашниот ден, пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Собранието на Р. Македонија поднесе барање за оддржување на надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на министерството за култура за проекти од национален интерес за културата во Македонија и реализацијата на програмата за култура за 2018 година.

СДСМ продолжува да ја закопува културата во калта. Не само што немаат чувство за припадност кон сопствената култура, ами со постапките и изјавите кои ги даваат покажуваат и елементарно непознавање на законите од областа на културата. Она што минатата година го правеше министерот Алаѓозовски, сега советник за култура на Премиерот, се рефлектираше и оваа година уште посилно преку членовите на комисиите, а членови на СДСМ.

Министерството за култура во текот на вчерашниот ден информираше дека конкурсот нема да се поништи,но пари ќе добијат и други проекти. Дел од комисиите излегоа со став дека нема да поддржат други проекти, а дел дека ќе поддржат.

На што личи ова? Каде води ваквиот начин на функционирање? Како може некој да изјавува дека ќе, или нема да поддржи проекти кога во министерството не се ни пристигнати жалбите на одбиените уметници или институции? Како воопшто може министерот и комисиите да си дозволат да одлучуваат без претходно да изготват решенија со кои ги информираат уметниците дали имаат добиено средства, или се одбиени, нормално со соодветно образложение.Врз основа на кој член од кој закон носите одлука да вршите ревизија на оние проекти кои не се одобрени, а за кои имало реакција? А за оние за кои немало реакција, а за кои се доделени огромни суми, како ќе се ревидираат?

Кои се Вашите критериуми во оваа следна фаза на раскрчмување на културата? Во оваа држава постојат закони, или барем постоеја се додека СДСМ не дојде на власт.

Ако се ревидира, треба да се ревидира целата програма.

Со Вашето однесување културата ја истретиравте како да е пазар.

Повторуваме уште еднаш, со ваквото Ваше однесување овој сериозен проблем сакате да го сведете на административна грешка. Не, овде не се работи за административни пропусти и суштината на овој голем проблем не е само во одбиените проекти. Проблемот е во програмата за која нема и не треба да стивнат реакциите од ниту една фела, програма која веќе ја донесовте, а со која ја уништувате културата и уметноста. Ги уништувате настаните кои се препознатлив белег на Македонија.

Најтрагично од се е тоа што повиканите, односно оние што се најодговорни за оваа невидена катастрофа, воопшто не ја разбираат суштината на проблемот. Не е проблемот дали ќе се прифатат дел од одбиените проекти, проблемот е во оние што веќе добиле средства без било каков уметнички критетиум да биде задоволен, а уште помалку јавниот интерес на граѓаните чиишто пари се трошат.

СДСМ го уништува чувствтвото за припадност на еден народ кон сопствената култура.

Нема назад после оваа непроценлива штета што СДСМ ја прави и во овој свет сегмент – културата!

По овој скандал кој што ја потресе јавноста и Република Македонија, ние како партија од народот бараме неотповиклива оставка од Зоран Заев и Асаф Адеми. Исто така одговорни се и неговите советници Ласкова и Алаѓозовски кои и тие треба да поднесат неотповикливи оставки.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.