По 40 часови се уште не е изгаснат пожарот во фабриката во Филипини

Филипинските пожарникари се уште не успеаа во целост да го изгасат пожарот што пред 40 часови изби во голема фабрика јужно од Манила, а во кој повредени се најмалку 126 работници. Локалните претставници наведоа дека нема знаци дека во фабриката останале заробени голем број луѓе како и дека 6 лица се водат за исчезнати. Пожарот изби во средата, а пожарникарите дури по 18 часа успеаја да го стават под контрола. Се претпоставува дека пожарот избил како последица од загрејување на одредени машини за производство во фабриката во која се вработени 15.000 лица