“По 23 години Мустафино доби водовод”

Пред дваесетина дена при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, беше кажано дека водоводот е во завршна фаза и потребно е да се тестира секундарната мрежа. По разговорот со градоначалникот, Груевски им посочи на граѓаните дека ова нивно барање ќе биде исполнето. Водоводот е започнат во 1983 година, направена е бушотина и запоставен е проектот. Сега се направи нов цевкофод,се санираа сите дефекти, се поврзаа сите системи. Се најави и изградба на нова канлизација која ќе стартува наредната година.Тоа е заеднички проект на владата и општината Свети Николе.