По стоматолозите, капитациониот бод ќе се зголеми и кај матичните лекари. Наместо 50 денари од 1 јули 2016 година капитацијата ќе биде зголемена на 55 денари. Матичните лекари ќе добијат 10 % зголемување за поквалитетна грижа за здравјето на пациентите. Тодоров информираше дека последното покачување на капитацијата било во 2011 година, а со ова покачување ќе бидат опфатени 1085 приватни здравствени установи со вкупно 1527 тимови. Орхан Рамадани директор на ФЗОМ истакна дека оваа мерка ќе значи и подобрување на состојбата во примарната здравствена заштита која ќе се рефлектира и на самите осигуреници.