

По посетата на Никола Груевски решено е барањето на земјоделците од Чучер Сандево за продажба на арпаџик. Земјоделците ќе може непречено да го продаваат својот производ. Имено при последната посета на Груевски на скопското село Бразда, земјоделците од повеќе населени места од Општината Чучер Сандево истакнаа дека се соочуваат со проблем за продажба на производот …
По посетата на Никола Груевски решено е барањето на земјоделците од Чучер Сандево за продажба на арпаџик. Земјоделците ќе може непречено да го продаваат својот производ. Имено при последната посета на Груевски на скопското село Бразда, земјоделците од повеќе населени места од Општината Чучер Сандево истакнаа дека се соочуваат со проблем за продажба на производот арпаџик, поради недостаток на декларација која е законски потребна, и поради тоа што арпаџикот не е внесен во регистерот на семиња. Поради овој проблем како што истакнаа земјоделците, тие се спречени да го продаваат. Земјоделците од овој регион ги посети тим од министерството за земјоделие на чело со заменик министерот Ванчо Костадиновски при што беше изнајдено решение. Земјоделците од Бразда и околните места ќе може непречено да го продаваат арпаџикот кој им е основна дејност. Костадиновски објасни дека за добивање на потребната декларација и регистрација на семенскиот материјал ќе биде потребно формирање на земјоделска задруга која што во првите години нејзината работа ќе биде финансиски поткрепена и поддржана од Владата. Кирил Тодоров од агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објасни дека се нуди огромна поддршка за организирање на задруга. Формираната задруга од Владата може да добие финансиска поддршка за водење на сметководство и други услужни дејности, ќе бидат покриени две бруто плати за двајца вработени доколку ангажираат во првите 5 години, ќе има поддршка за осигурување на посевите, и 90% поддршка односно надомест за земјоделска механизација која преку програмата за рурален развој враќа државата токму преку формираната задруга. Земјоделците презадоволни од постигнатото решение кое за нив ќе преставува надминување на голем проблем. Целиот процес ќе биде поддржан од соодветните институции истакна директорот на државниот инспекторат за земјоделие Цветан Трипуновски, а како една од солидните предности е што на тој начин земјоделците ќе може да си ги добијат и соодветните субвенции.