По посетата на Груевски во Кратово, на терен екипа за санација на свлечиштето на Радин Мост

На последната посета на Кратово и средбата со граѓани која ја имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, беше посочено како проблем појавеното свлечиште на Радин Мост кој преставува заштитен споменик на културата, како и реставрација на тунелите со кој се поврзуваат самите мостови кои се главна туристичка атракција. Веднаш по неговата посета на терен излезе екипа за санација на свлечиштето. Груевски потенцираше дека за подземните ходници ќе се работи секоја година парцијално со што по нивното комплетирање ќе бидат вистинска туристичка атракција. Што се однесува до свлечиштето, Груевски посочи дека ќе побара да бидат испратени екипи од управата за заштита на културното наследство. Веднаш на терен излегоа инспекциските служби од Управата за заштита на културното наследство кои што направија увид во настанатото свлечиште. Нивната стручна констатација е дека свлечиштето настанало под влијание на временските услови, но дека сепак мостот е безбеден за пешаци и возила. Следно што преостанува увид да изврши и националниот конзерваторски центар по што ќе се пристапи и кон санација на самото свлечиште што и беше барање на самите граѓани.