По една година во Вселената двајца космонаути се вратија на Земјата

Тројца космонаути од Меѓународната вселенска станица (МВС), меѓу кои и Американецот Скот Кели и Русинот Михаил Корниенко, кои во вселената минаа речиси една година, се вратија на Земјата, пренесоа светските агенции.Заедно со нив на Земјата се врати и рускиот космонаут Сергеј Волков, пренесува БТА.Апаратот за спуштање на бродот „Сојуз“, со тројцата космонаути, во степите на Казахстан слета во 4,27 часот според Гринич.Кели и Корниенко во МВС минаа 340 дена. Таму тие извршија тестирања што имаа за цел космонаутите да ги подготват за идните пилотирани мисии до Марс.