​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

По две години градоначалникот Коцевски увиде дека се врши незаконско работење и криминал во јавните претпријатија

Изјави 8 февруари 2019 14:24

Почитуван господине Коцевски, на некои луѓе им треба многу малку време да ги увидат своите грешки и да реагираат благовремено. За разлика од нив, вам ви беше потребна една третина од мандатот за конечно да сфатите дека многу работи во јавните претпријатија, чии раководители ги именувате лично, работите не одат како што очекуваа граѓаните. Напротив, …

Почитуван господине Коцевски, на некои луѓе им треба многу малку време да ги увидат своите грешки и да реагираат благовремено. За разлика од нив, вам ви беше потребна една третина од мандатот за конечно да сфатите дека многу работи во јавните претпријатија, чии раководители ги именувате лично, работите не одат како што очекуваа граѓаните.

Напротив, се случија многу дубиози на штета на граѓаните, односно на даночните обврзници. Внатрепартиските препукувања и несогласувања кои се обидувавте вешто да ги прекривате конечно излегоа на виделина.

Ви се случи невидено фијаско во јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“. Дури по речиси две години успеавте да осознаете дека овде во истиот период се вршело незаконско работење, криминал и несовесност, и сето тоа повторно на штета на даночните обврзници.

Ништо подобра состојба немавте ниту во ЈЗУ Општа болница Велес, каде сопругата беше директор, а тој само марионета. Залудни беа реакциите на вработените, за да конечно сфатите дека и таму работите не се во најдобар ред.

Граѓаните на Велес на неколку наврати се изнаслушаа славопојки за оправданоста од постоење на новите јавни претпријатија „Велес Гас“ и претпријатието за управување со паркинзи, за чија работа никој ниту слушнал ниту видел. Да биде иронијата уште поголема, овде новоназначените раководители и вработени немаат земено плата повеќе месеци.

И што е најчудно, под влијание на коалицијата на власт повторно не докажавте на дело дека сте градоначалник за сите, туку на местата на досегашните раководители на овие јавни претпријатија поставивте нови партиски кадри без речиси никакво искуство, и тоа сето беше само за да ги задоволите апетитите во неколкуте кланови во вашата партија. После сето ова, дури и неинформиран граѓанин ќе ги постави прашањата кои логично се наметнуваат.

Господине Коцевски, кој ќе одговара за створениот криминал, несоодветно однесување и штетата на општината?

Што работеа органите на контролата во изминатиов период за да дозволат флагрантно кршење на законите?

Дали мислите дека не е голема дволичност што еден директор на јавно претпријатие до пред две недели да го етикетирате како неспособен и фрлавте  дрва и камења по него, а по неговата оставка од морални причини почнавте да го  фалите на ниво на народен херој?

Господине Коцевски ова не е вашиот прв мандат. Времињата се менуваат, а граѓаните се со сосема други размислувања и идеи околу функционирањето на општинската власт. И конечно, ќе имате ли доблест да излезете во јавноста и на даночните обврзници да им ги објасните за сите овие случувања кои се и ваша лична одговорност и да се извините?

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Случајот Талир е доказ дека СЈО,Кацарска и судството се извршители на наредбите на Заев и СДСМ

11.01.2019

СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво

04.12.2018

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од Штип бара припадниците во воениот конфликт од 2001 година да се ослободат од плаќање на комунална такса и данок на имот

29.11.2018

Eкономијата крахира, а власта наместо за капитални инвестиции парите ги расфрла за луксузирање

27.08.2018

Најнови видеа

2:56

Индија: Се урнаа два воени авиони за време на трениг

Свет 20.02.2019
8:19

Топ 40 вирални видеа од 2018 година

Магазин 19.02.2019
10:00

Срамни и смешни моменти во спортот

Спорт 19.02.2019
10:33

Луѓе со најчудни прехрамбени навики

Магазин 19.02.2019
7:00

Втора Светска Војна во Европа-ден за ден

Свет 19.02.2019
2:54

Kандидатот за претседател на СДС наместо највиското партиско тело, ќе го избираат Артан Груби со асистенција на Миле Зечевиќ

Изјави 19.02.2019
2:44

Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле

Изјави 19.02.2019
2:59

Спасовски и надлежните во најкус можен рок да излезат со комплетни детали за несреќата во која животот го загубија 15 наши сограѓани

Изјави 19.02.2019
09:00:00

КОНВЕНЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА Р.М

Македонија 16.02.2019
3:04

Пратеничка на СДСМ си го вработила синот во МВР

Изјави 13.02.2019
2:33

Заев и СДСМ кукавички избегаа од избори затоа што знаат дека жестоко ќе ги загубат, а народот ќе ги казни за сите штетни политики

Изјави 13.02.2019
5:50

Митраљез Викерс МК1 од 1914-та година – начин на работа

Магазин 13.02.2019
© Copyright 2019 Македонија24.мк | Сите права се задржани.