Почна продолжувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје

Започна изградбата на првата фаза од булеварот „ Христијан Тодорвски Карпош“ во општина Бутел. Новиот дел од булеварот ќе се гради на потегот од крстосницата со булеварот „ Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „ Натанаил Кучевишки“ во должина од 1000 метри. На почетокот на градежните работи денеска присуствуваа премиерот Никола Груевски, Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на Бутел Петре Латиноски. Изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош, според градоначалниците на Бутел и Чаир, е нова порта кон обиколницата, што ќе го растерети сообраќајот во овој дел од градот. Градоначалникот Латиновски посочи дека општина Бутел не само во сообраќаен поглед, туку и во еконсомски поглед ќе доживее нов инвестициски бум.