Почна изградбата на логистичко дистрибутивен центар на „Тинекс“ во Петровец

Во индустриската зона Чојлија во општина Петровец денеска почна изградбата на логистичко дистрибутивен центар на „Тинекс“ со големина од 22.000 метри квадратни, инвестиција вредна околу 14 милиони евра. На почетокот на поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, инвеститорот Владимир Тодоровиќ и градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски. Инвестицијата на „Тинекс“, како што информира премиерот Груевски, се проценува на околу осум милиони евра со кои до крајот на следната година на површина од 11.000 метри квадратни се очекува да се изгради новиот логистичко-дистрибутивен центар во кој ќе се отворат 100 нови работни места. Градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски истакна дека со поддршка на Владата општината ќе продолжи во проширување на индустриската зона Чојлија бидејќи имало огромен интерес.