Потпишан меморандум за соработка со општина Форни ди Сопра: Македонски шуми ќе учи од искуствата за биомаса од Италија

Потпишан меморандум за соработка со општина Форни ди Сопра: Македонски шуми ќе учи од искуствата за биомаса од ИталијаЈавното претпријатие Македонски шуми последната година особено ја зајакна меѓународната соработка, со цел зголемување на искуството, собирање информации и воспоставување соработка со развиени држави. Една од успешните соработки денеска се официјализира со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Македонски шуми и општината Форни ди Сопра од Италија.Општината Форни ди Сопра од Италија е добар пример за искористување обновливите извори на енергија а при тоа ефектот е повеќестран и придобивките се огромни, за животната средина од една и од финансиски аспект од друга страна.Градоначалникот на Форни ди Сопра, Лино Анѕиути пренесувајќи го нивното искуство вели дека мора да се искористат обновливите извори на енергија.Искуството на Форни ди Сопра покажуав дека со заштедите се остваруваат дополнителни проекти и се отвораат нови работни места, со што се овозможува семејствата да останат со село, а не да се селат во град.