Потпишан меморандум за превенција и справување со шумски пожари

Меморандум за соработка со цел превенција и справување со шумски пожари и заштита на шумскиот фонд, потшишаа денеска ЈП „Македонски шуми“ и Противпожарен сојуз на Македонија. Основна цел е превентивната заштита бидејќи со неа се доаѓа до поголем ефект, како и брзото делување на терен во ситуација кога има шумски пожари. Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија истакна дека потпишувањето на меморандумот претставува официјализирање на досегашната соработка, што вклучува активности од превентивна заштита, односно подигање на јавната свест во однос на заштита на шумите од пожари, подготвителни мерки за вработените и волонтерите во случај на пожар и соработка во гаснење на шумските пожари.