Со почетна инвестиција од 4 милиони евра германската компанија „СТС Текстајлс“ влегува во Македонија. Најпрво ќе отвори 50 работни места, а според проекциите на компанијата бројката на ново вработени ќе се искачи до 1.000 лица.Инвестицијата од 4 милиони евра, планирано е во наредниве 5 години да достигне до 7 милиони евра, а покрај директните, бројката ќе биде зголемена и со индиректни вработувања.Во фабриката ќе се користи најсовремената технологија за плетење. Германската компанија го има развиено единствениот текстил кој што успева да складира соларна енергија од сонцето, уникатен изум кој ќе ги намали трошоците за греење и ладење. Во фабриката во Велес ќе се работи со најсовремена опрема за плетење. Ова го гарантира управителот на компанијата. Тој додава дека ќе го остварат и даденото ветување за идни инвестиции. Инаку на почетокот на 2007 година, бројот на невработени во Велес бил 15.500 лица, денеска таа бројка е 7.400 лица. Отворањето на нови инвестиции и работни места и понатаму останува приоритет на Владата.Со политиката на привлекување на странски инвестиции, но и со владините проекти за поддршка на домашните компании, невработеноста е намалена до рекордно ниски 24% а доколку се продолжи со предвидената динамика, како што истакна Пешевски, проекции покажуваат дека до 2018 година невработеноста ќе изнесува 22%.