Потпишан договорот со „Минстрој“: 1.000 рудари ќе се вратат на своите работни места

Сите рудари кои работеа во рудниците Тораница и Злетово месецов ќе се вратат ма своите работни места, заостанатите плати ќе им бидат исплатени, а новите покачени.Со потпишувањето на договорот за концесија на двата рудника, сопственикот на бугарски Минстрој, Николај Валканов најави долгорочни планови и нови вработувања.Валканов подвлече дека планира околу 10 милиони евра инвестиција во двата рудника, нови работни места, машини и технологија.Димитриев му се заблагодари и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој беше присутен на чинот на потпишување, за силната поддршка која ја имале во реализацијата.Позитивните трендови во рударството се потврда дека Македонија се движи во вистинска насока, а концесија ќе значи дополнителен раст во рударството кој во минатиот месец забележа раст од 7,9 отсто во споредба со март минатата година.