Со „Медал за храброст“ денес посмртно беа одликувани осумтемина припадници на безбедносните сили на МВР кои на 9 мај 2015 година загинаа при антитерористичката операција во Куманово. Претседателот Ѓорге Иванов ги одликуваше и Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи со „Орден за воени заслуги“. Иванов посочи дека со чинот на одликување јасно се покажува дека Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ не се заборавени.Осумте херои, додаде, со својата жртва спречија дестабилизација на државата и конфликт што можеше да има несогледливи последици за мирот, безбедноста и стабилноста на Македонија и поширокиот регион.Безбедносните сили, како што истакна Иванов, чувајќи го јавниот ред и мир низ нашата татковина спречуваат насилно уривање на државните институции, го заштитуваат животот, личната сигурност и имотот на граѓаните.Шефот на македонската држава оцени дека е крајно време да отфрли духот на поделбите, нетрпеливоста и омразата кон политичкиот противник и конечно, како што рече, да се помириме и да се сплотиме околу државниот интерес. На доделувањето на ордените присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков, припадници на безбедносните сили и членови на семејствата на македонските херои.