Постигнат е договор за прекин на непријателствата на територијата на Сирија во период од една недела, објавија денес американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров .На заедничка прес-конференција со Лавров, што се одржа доцна синоќа по завршувањето на средбата на Меѓународната група за подршка на Сирија (ИССГ) во Минхен, Кери соопшти дека прекинот на огнот не значи запирање на борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД) и огранокот на Ал Каеда во Сирија , Фронтот Ал Нусра. Американскиот државен секретар истакна дека е постигнат договор и за забрзување и за зголемување на испораката на хуманитарна помош за цивилното население. Шефот на руската дипломатија Лавров, од своја страна забележа дека „има причина за надеж“. Тој истакна дека Русија ќе соработува со „вистинските“ опозициски групи за прекин на војната, нагласувајќи дека мора целосно да се имплементира она што е договорено.