​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Поради неспособноста и непотизмот на раководството хавариите во РЕК Битола стануваат секојдневие

Изјави 3 февруари 2019 11:35

РЕК Битола, стожерот на електроенергетскиот систем во Република Македонија повеќе од една година наназад служи само за лично богатење на власта и згрижување на нивни роднини и пријатели. После капиталната ремонт на блок 1 завршен само пред неколку месеци поради неспособноста и непотизмот на раководството хавариите во РЕК Битола стануваат секојдневие што резултира со зголемени …

РЕК Битола, стожерот на електроенергетскиот систем во Република Македонија повеќе од една година наназад служи само за лично богатење на власта и згрижување на нивни роднини и пријатели. После капиталната ремонт на блок 1 завршен само пред неколку месеци поради неспособноста и непотизмот на раководството хавариите во РЕК Битола стануваат секојдневие што резултира со зголемени трошоци за цената за производство на мегават час електрична енергија, а тоа директно го плаќаат граѓаните.

Моментално надвор од функција е блок 1 со наводно планиран застој, а всушност се работи за дефект на пара генераторот и блок 1 ќе биде надвор од употреба цели 10 дена. Најважната активност на ова раководство е пресметката со стручните лица и нивно постојано деградирање само да ги задоволат желбите на ново вработените партиски послушници и нивни роднини и пријатели без притоа да се води сметка за непреченото функционирање на комбинатот.

Наместо да се пресметувате со вработените кои чесно и професионално си ја вршат работата, вработените во РЕК Битола прашуваат до каде се со ветувањата кои што ги дадовте. Топлификацијата на Битола проект кој од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ е во завршна фаза со дозвола за градба со обезбедени финансиски средства, а кој што многу ќе влијае позитивно на намалување на загадувањето на воздухот во Битола. До каде е набавката на сопствената механизација за потребите на РЕК Битола што требаше да се реализира во минатата 2018 година? До каде е реконструкцијата на електростатските филтри, десулфуризацијата, третманот на одпепелувањето што требаше да опфати изградба на заштитен појас канал за одводнување систем за прскање, третман на отпадните води и многу други најавени а нереализирани проекти.

Престанете да ги замајувате граѓаните со вашите лажни соопштенија и ветувања. Прифатете ја понудата за предвремени парламентарни избори за да видите колку граѓаните ви веруваат и колку се задоволни од грабежот кој го правите на секое поле.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.