Попоски и Сијарто во Рига: Унгарско-македонска стратешка соработка за повеќе теми

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денеска во Рига се сретна со шефот на дипломатијата на Унгарија, Петер Сијарто. На средбата било разговарано за евро-атлантските интеграции на Македонија и соработката меѓу Народна Република Кина и 16-те централно-источни европски земји. Попоски и Сијарто ги разгледале можностите за користење на соработката на земјите од Источна и Централна Европа со Кина за подобро инфраструктурно поврзување по должина на главните логистички коридори.