Во општина Петровец денеска беше отворена нова градинка во која ќе се згрижат околу 80 деца од предучилишна возраст.
Станува збор за нов објект за кој Министерството за труд и социјална политика и општина Петровец инвестираа 15 милиони денари.
Градинката беше пуштена во употреба во присуство на премиерот Емил Димитриев и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
За премиерот Димитриев, новата градинка е пример за одличната реализација на владиниот проект за изградба на детски градинки во сите региони во државата.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека во следниот период само во Скопје ќе бидат отворени уште четири нови градинки.
Градинката „Авионче“ во Петровец е петтата градинка што е пуштена во употреба од почетокот на годинава, а до крајот на оваа година се очекува да бидат отворени уште најмалку 10 нови градинки.