Пеналуна: Македонија е лидер во претприемачко образование

Професоре Пеналуна, вие сте еден од врвните експерти во полето на претприемништво и неодамна добивте врвна награда од Кралицата на Англија. Дали можете на кратко да го опишете вашето искуство?-Да, не ја очекував наградата. Образовната Заедница во Велика Британија ме номинираше за оваа награда и средбата со Кралицата што преставуваше особена чест за мене на денот на роденденот на Кралицата да ми ја додели наградата за промоција на претпријатијата кое се случи во Бакингемската Палата. Тоа беше одличен ден, но она што е уште поважно е дека ме номинираа затоа што наставните веруваат дека во работите кои ги дискутираме и заедницата на луѓе кои практикуваат образование за претприемништво беа ентузијасти затоа што доколку ме препознале на овој начин, тогаш ова е поддршка и за нивните ставови, па тоа е повеќе тимски пристап. Ова награда не ја сметам само моја, туку дека припаѓа и на сите луѓе кои се вклучени во едукација за претприемништво. Телото кое го преставувам е, кое го преставував, сека сум само придружен член, поврзува повеќе од 100 високи институции кои работат заедно и го споделуваат образованието за претприемништво. Да не бев дел од тоа тело немаше да ја добијам оваа награда. Веќе неколку пати бевте во Македонија, дали можете да ни кажете на кои проекти работевте овде во нашата земја?-Прекрасно е да се биде овде, заради ентузијазмот на луѓето, административната работна сила, администрацијата во образованието беа од особена помош. Да работевме со бизнис заедницата како да ги образуваме луѓето кои работат со бизнис, да им помогнеме на младите и постарите луѓе да ги зголемат можностите за вработување, каде се местата за кои треба да се организираат дискусиите, работевме на такви проекти, но исто така работевме и на проекти кои ги го разгледуваат образованието за иновации и претприемништво. Ова е област која брзо се развива, која брзо се менува и нам ни е особено задоволство да работиме со вас, да ги споделиме нашите искуства, но исто така и да научиме за вашето искуство, вашата ситуација, нешта кои можеби се различни кај нас во споредба со нештата кај нас и кои се од особено значење за нас да ги сфатиме. Ништо не е постојано исто во секоја земја. А тој проект беше за едукацијата. Сега на тоа гледаме од поголема дистанца. Сега го разгледуваме од аспект на наставна програма и стратешки пристап кон предавањето од основните училишта до средните училишта што е особено важно, сите земји во Европа го тврдат ова, а Македонија го спроведува. Генерално како го оценувате Македонското образование за претприемништво и каде се наоѓа Македонија во споредба со другите земји?-Доста работи се случуваат во светот, работев во Египет, во Австралија, а минатиот викенд работев во Америка. Она што може да се забележи се џебови односно области кои се доста добри и области кои се развиваат. Но тие имаат многу малку заедничко нешто што ги поврзува. Македонија сега има добра поврзаност, вие од секогаш сте имале добар пристап кон претприемништвото, но сега имате солиден линиски пристап кој вклучува иновација. Претходно се спомена дека Америка до некаде е пред Европа во однос на некои работи, јас всушност не се согласувам за некои аспекти. На пример, Американците ја наследуваат иновативноста, таа е во нивната култура додека во Европа е помалку природно да се прифати иновацијата. Она што тука се заборава, е подоброто сфаќање на иновацијата, затоа што сега мора да научиме нешто за подобро да го сфатиме. Токму ова мислам дека ќе ни овозможи подобар образовен систем, а Македонија навистина води во тоа поле. И за крај дали имате совети за Македонските професори и можеби политичките структури кои се дел образованието?-Како што кажав следи период на промени и единствено нешто за кое што можеме да бидеме апсолутно сигурни е дека нештата ќе се менуваат. Треба да сме подготвени и да ги слушаме другите луѓе и нивните дискусии и да продолжиме со дијалогот. Ако сега запреме и одлучиме да завршиме тоа нема да се случи. Затоа што секој иноватор и претприемач знае дека утре е нов ден и нешто ново може да се случи и треба да бидеме подготвени, постојано да слушаме и да учиме за да можеме да го донесеме тоа знаење назад во Македонија.