​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Патници го демантираат возачот на превртениот бугарски автобус

Македонија 12 февруари 2016 11:15

Повредените патници во бугарскиот автобус кој на 2-ри месецов излета коловозот на патот меѓу Ранковце и Крива Паланка го демантираат возачот кој тврдеше дека причина за несреќата бил камион кој навлегол во спротивната лента. Стефан Стефанов, еден од наставниците кои се превезуваа во автобусот, за бугарската телевизија „Нова“ изјавил дека камион немало и оти возачот …

Повредените патници во бугарскиот автобус кој на 2-ри месецов излета коловозот на патот меѓу Ранковце и Крива Паланка го демантираат возачот кој тврдеше дека причина за несреќата бил камион кој навлегол во спротивната лента. Стефан Стефанов, еден од наставниците кои се превезуваа во автобусот, за бугарската телевизија „Нова“ изјавил дека камион немало и оти возачот возел со над 70 километри на час. – Камион немаше. Ако имаше, би требало да ги видам светлата, рекол Стефанов, кој бил буден во моментот на несреќата. Според него, брзината со која возел возачот не одговарала на условите на патот бидејќи имало дупки на коловозот. Неговото тврдење го поддржува и Дијана Станчева, која исто така била во превртениот автобус. Пред една недела, возачот на автобусот Љубомир Лазаров тврдеше дека причина за несреќата бил камион што навлегол во спротивна лента. Од фирмата на превозникот тврдеа дека возачот одмарал 48 часа пред патувањето кон Македонија. Автобусот бил произведен во 1998 година. Во несреќата од вкупно 43 патници беа повредени 26, а од нив пет потешко.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Десет камиони и автобуси на иднината

18.10.2018

Изгледа како редовен автобус од надвор, но нема да веруваш што е внатре!

28.09.2018

Запален автобусот на Црвена Звезда

21.05.2018

Настрадаа 20 луѓе во пожар на автобус кој превезувал работници

30.03.2018

Најнови видеа

6:10

Мицкоски: Рацете на Заев се крвави и не постои вода која ќе ги испере

Изјави 21.02.2019
5:32

Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта

Македонија 21.02.2019
6:53

Македонија е на нозе ќе ти врати за сите твои недела кои ги направи!

Изјави 20.02.2019
2:39

Наместо избор на кандидат за Претседател на државата, Артан Груби и Миле Зечевиќ прават избор на кандидат за лепење на пропаднатата владина коалиција

Изјави 20.02.2019
3:05

Eпидемијата на непотизам на власта се шири и во Кочани

Изјави 20.02.2019
2:56

Индија: Се урнаа два воени авиони за време на трениг

Свет 20.02.2019
8:19

Топ 40 вирални видеа од 2018 година

Магазин 19.02.2019
10:00

Срамни и смешни моменти во спортот

Спорт 19.02.2019
10:33

Луѓе со најчудни прехрамбени навики

Магазин 19.02.2019
7:00

Втора Светска Војна во Европа-ден за ден

Свет 19.02.2019
2:54

Kандидатот за претседател на СДС наместо највиското партиско тело, ќе го избираат Артан Груби со асистенција на Миле Зечевиќ

Изјави 19.02.2019
2:44

Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле

Изјави 19.02.2019
© Copyright 2019 Македонија24.мк | Сите права се задржани.